“Фолксваген” изминатата година продал рекордни 10,83 милиони автомобили
Објавено на од во Автомобилизам

Луксузните брендови продолжуваат да имаат зголемена побарувачка за премиум модели во Кина, додека во Европа падна продажбата на трите најголеми автокомпании.

Toyota-Mazda's $1.6 Billion Alabama Plant Leaves Room to Expand

Во изминатата година групата „Фолксваген“ продаде рекордни 10,83 милиони автомобили, или 0,9 % повеќе од претходната година.

Најголемите конкуренти „Тојота мотор“ и „Рено-Нисан-Мицубиши“ сè уште не објавија целосни податоци за вкупната продажба во 2018 година. Француско-јапонската алијанса продаде 10,6 милиони автомобили во 2017 година и 5,54 милиони во првата половина од минатата година.

„Тојота“ објави околу 10,55 милиони продадени автомобили минатата година, но сé уште не ги потврди овие бројки.

Мерцедес го претекна БМВ

„Фолксваген“ минатата година испорача 6.24 милиони возила, додека луксузните брендови „Ауди“ и „Порше“ продадоа 1.81 милион или 256.000 возила.

„Ауди“ на тој начин стана третиот најпродаван луксузен бренд зад BMV, кој испорача 2,12 милиони луксузни автомобили, за 1,8 % повеќе отколку во 2017 година, а водечкиот Мерцедес-Бенз, продаде 2,31 милиони луксузни возила.

Вкупната продажба на групата „BMW“ минатата година се зголеми за 1,1 %, на вкупно 2,5 милиони возила, а компанијата очекува мало зголемување на продажбата оваа година.

Продажбата на автомобили на „Мерцедес-Бенз“ се зголеми за 0,9 отсто, односно достигна 2,31 милиони единици, поддржана од воведувањето на новиот „А-класа“ модел, што придонесе за продажба на компактни автомобили една четвртина од годишната продажба на овој автомобил.

Европејците помалку бараат луксузни возила

Продажбата на BMW порасна за 1,8 %, односно на 2,12 милиони продадени автомобили, поттикнато од побарувачката на SUV, објави порталот „Automotive News Europe“. Сепак, третото место Ауди се соочи со пад на продажбата од 3,5 % на 1,87 милиониавтомобили.

Луксузни брендови продолжуваат да имаат зголемена побарувачка за премиум модели во Кина, најголемиот светски пазар за автомобили, додека во Европа паднаа продажбата на сите три автокомпании.

Кога станува збор за Европа, најголем пад има кај автомобилите на Ауди (за дури 14 %), додека продажбата на Мерцедес опадна за 2,3 %, а BMW за 0,3%. Во САД продажбата на BMW порасна за 0,5 %, додека продажбата на Мерцедес е намалена за 6,3%, а Ауди за 1,4%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×