Фон дер Лајен: Западен Балкан е еден од моите приоритети
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Новоименуваната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.
фон„Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ“, порача Фон дер Лајен.
Таа во текот на претставувањето на нејзиниот тим од еврокомесари и нивните задолженија, нагласи дека ресорот „соседска политика и проширување“ му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј, имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и она, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.
„Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето“, порача идната претседателка на ЕК.
Урсула фон дер Лајен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се „јасни“, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.
„Нашите правила не се сменети. Постојат основни вредности, а земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ мора да покажат дека ги почитуваат истите правила, фундаменталните вредности, да ги исполнат условите и треба да се способни за да станат членки на Унијата“, нагласи таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×