Фонсека: Документите се укредени преку хакирање од сервер од Европа
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма “Мосак Фонсека”,  која се најде во центарот на скандалот “Панамски документи” вели дека неговата фирма е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на светските лидери и познати личности кои биле нивни клиенти.

Ramon

Рамон Фонсек, основач на адвокатската фирма “Рамон Фoнсека”

Тој изјавил дека веќе поднел тужба до јавното обвинителство на Панама, потенцирајќи дека никој во медиумските известувања не го споменува хакирањето на нивните компјутери, што е кривично дело.

“Не ни е јасно. Светот изгледа прифатил дека приватноста веќе не е едно од човековите права”, изјвил Фонсека за Асошиејтед Прес, осврнувајќи се на фактот што медиумските извештаи се фокусираат само на познатите личности кои имале основано офштор фирма.

“Панамските документи” покажуваат дека повее од 500 банки, нивни подружници и филијали регистрирале близу 16.000 офшор фирми преку адвокатската фирма “Мосак Фонсекa”, а најголем дел од нив се основани од 90-те години наваму”, велат од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×