FORD FALCON XB GT 500 COUPE 6.5 V8 INTERCEPTOR – АВТОМОБИЛОТ ОД ФИЛМСКАТА САГА MAD MAX
Објавено на од во Автомобилизам

MAD MAX  е оценет како еден од најдобрите пост-апокалиптични филмови некогаш замислен и секако филм кој го лансираше Мел Гибсон меѓу филмските ѕвезди. Но на фановите на овој филм силен впечаток остави и автомобилот кој го возеше главниот лик MAD MAX.

mad-max-interceptor-920-2

Всушност се работи за вистински сериски автомобил FORD FALCON XB GT 500 COUPE 6.5 V8 од 1973 година, само редизајниран со неколку футуристички елементи и му е додадена додавката INTERCEPTOR (ПРЕСРЕТНУВАЧ).

Оригиналниот INTERCEPTOR кој се користеше во првиот дел од триологијата, е дел од  збирката на Dezer музејот во Мајами и секако е невозможно да се купи, но ако сте во потрага за реплика можеби треба да знаете дека исто вакво возило може да се купи во Велика Британија или Австралија.

mad-max-interceptor-920-12
mad-max-interceptor-920-13
mad-max-interceptor-920-10
Произведувачот се потрудил да го реплицира автомобилот до најситен детал.

Опремен е со 6,5-литарски V8 мотор кој може да достигне максимална брзина од 273 км/ч. Каросеријата му е зајакната со неколку делови од фиберглас, а има и полициско ротационо светло и сирена. Ford Falcon XB GT има етикета со цена од 80.000 – 120.000 фунти.

Дизајнерскиот тим на FORD работи на нов футуристички прототип на INTERCEPTOR:
mad-max-cpt-920-8
mad-max-cpt-920-0

Во новото продолжение Mad Max: Fury Road, чија филмска проекција е закажана за ова лето, главниот јунак не се откажува од својот INTERCEPTOR:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×