Форд инвестираше 500 милиони долари во конкурент на Теслa за производство на електричен камион
Објавено на од во Автомобилизам
Американскиот производител на автомобили Ford соопшти дека ќе вложи 500 милиони долари во компанијата за електрични камиони Rivian кој е и главен конкурент на Tesla.
Mark Fields, Bill FordСо инвестираните средства, Ривиан треба да создаде електричен автомобил за компанијата во Детроит. Договорот доаѓа веднаш штом производителот на камионот ги претстави своите два нови производи – електричен пикап и електрични SUVs, пишува CNBC.
Според експертите, двата модели можат безбедно да се прилагодат на добро познатите производители на камиони како што се General Motors и Ford. Тие дури сметаат дека Rivial може да биде сериозен конкурент на Tesla со нов SUV за автомобилите на Маск – Model X и Model Y.
“Ова стратешко партнерство обележува клучен момент во нашиот стремеж да преминеме побрзо кон одржлива мобилност”, коментира основачот и извршен директор на Rivian – Скариндж.
“Форд имаат долгогодишно искуство во градење на одржливи концепти. Бил Форд е еден од првите бранители на одржлива индустрија и ние сме возбудени дека можеме да го користиме технологијата за да создадеме повеќе електрични автомобили”, додава тој.
Во февруари, Ривијан собра 700 милиони долари од Амазон. Имаше гласини дека ГМ исто така ќе инвестира во производителот на камиони. Форд рече дека има намера да создаде нов електричен автомобил користејќи поддршка на Ривиан. Ова е дел од планот на компанијата да развие портфолио на електрични возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×