Форин офис: 18 милиони фунти за јакнење на медиумите во источна Европа и Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Велика Британија ќе издвои 18 милиони фунти во следните три години за борба против ширење дезинформации и лажни вести во источна Европа, како и за јакнење на независните медиуми во Западен Балкан.
mediumi-snimateli-kamermani-novinari-1-620x330Целта е со тие средства, се наведува во соопштението на Форин офисот, да се поддржи слободата на изразување во земјите од Западен Балкан и да се креира избалансирана, непристрасна содржина.
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант во врска со тоа истакна дека во ситуација кога само 10 отсто од светската популација има пристап до слободни медиуми, лажните вести и дезинформациите продолжуваат да ги поткопуваат и дестабилизираат општествата.
Со овој фонд ќе се поддржат новинарите кои работат во некои од најрепресивните општества и ќе ја зајакнат борбата против лажните вести.
Во Лондон утре почнува дводневна гобална конференција посветена на слободата на медиумите, на која меѓу главните теми ќе биде заштита на новинарските права, борбата против лажни вести… Хант вели дека негова цел е со колегите да постигне договор околу начинот на кој ќе се заштити слободата на медиумите и која цена ќе се плати во случај на злоупотреба.
На конференцијата ќе учествуваат делегации од над 100 земји и меѓународни организации, 60 министри и над илјада новинари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×