Формиран Македонско – полски бизнис клуб при Стопанската комора на Македонија
Објавено на од во Економија

Со цел унапредување на надворешна трговска соработка помеѓу Македонија и Полска, а во насока на развивање на трговските контакти и извозно-увозните можности, Стопанската комора на Македонија формира Македонско-полски бизнис-клуб, соопштуваат од комората.

Директорката на Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка, м-р Снежана Камиловска Трповска, нагласи дека Стопанската комора на Македонија постојано работи на надградување на соработката на македонските компании со странските пазари со цел освојување на тие пазари и пласирање на македонските производи на истите.

Ова тело, пишува во соопштението,  ќе стави акцент на остварување на директни контакти меѓу македонските и полските компании, со цел воспоставување поблиски бизнис-релации, кои би придонеле за унапредување на билатералната трговска размена и би довеле до активности за воспоставување на подолгорочни облици на соработка за двете страни.

Поддршка за формирање на ова тело дадоа и амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски и господинот Коста Костовски, почесен конзул на Република Полска во Република Македонија, со седиште во Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×