Формирана е Унија на албански општини од регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево формираа Унија на албански општини во регионот.

Првпат, според тиранската телевизија Топ чанел, се формира унија на главните општини раководени од Албанци во регионот. Оваа асоциација има за цел создавање потребни механизми за меѓусебна соработка.

Пред неколку  недели грaдоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај, ги примил градоначалниците на Приштина, Шпенд Ахмети, на Тетово, Теута Арифи, на Улцињ, Назиф Цунгу, и на Прешево, Шќиприм Арифи, кога е договорено формирањето на Унијата.

Првите луѓе на петте градови вчера попладне, во очи одблежувањето на Денот на независноста на Албанија и денот на знамето, 28-ми  ноември, потпишале  платформа за соработка во областа на урбанизмот, животната средина, културата,инвестициите и иновациите.

„Набрзо ќе создадеме стабилна мрежа каде ќе учиме од искуството, еден од друг“, изјави Велиај.

Градоначалничката на Тетово,Теута Арифи, зборувала за улогата на жената во промените и успесите.

По покана на Велиај,градоначалниците остануват во Тирана за да ја проследат празничната церемонија по повод 28-ми ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×