Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас
Објавено на од во Економија
Владата вчера донесе Решение за формирање Kомисија за спроведување постапка за доделување Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на земјава.
Mile-BosnjakovskiКако што информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија.
„Комисијата е составена од 14 члена, и во неа има претставници од Министерството за економија, советници од Кабинетот на претседателот на Владата, претставници од Кабинетот на вицепремерот Анѓушев, претставници од Министерство за животна средина, од Министерство за транспорт и врски, членови од Регулаторната комисија за енергетика, членови од национални енергетски ресурси. Сите институции кои се засегната страна во работата на оваа комисија, се дел од оваа работна комисија“, рече Бошњаковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×