Формирана Стартап Македонија – платформа за поддршка на домашните претприемачи
Објавено на од во Start-up
Првите дејности на Стартап Македонија ќе бидат да се мапира екосистемот на сите нови компании и организации кои работат со иновациите. 
startup

 

 

 

 

 

 

 

Стартап  Македонија почна со работа – првата организација во земјава која ќе ги обедини сите засегнати страни во стартап еко системот основана е како непрофитна асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, организации иинвеститори кои ќе работат заедно да создадат средина во која иновативноста ќе биде наградена, а новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси. Македонија за жал заостанува зад своите најблиски соседи кога се иновациите во прашање, но сега повеќе од било кога претходно, има интерес и потенцијал со кој можат да се охрабрат претприемачите во основање на нови креативни компании.

Стартапите се есенцијални за развојот на економијата и напредокот на Македонија, вели Глигор Дачевски, директор и основач на DoxOut и SportyPal. Затоа првите дејности на Стартап Македонија ќе биде да се мапира екосистемот на сите нови компании и организации кои работат со иновациите.

Gligor Dacevski

Глигор Дачевски, DoxOut

 

“Стартапите се клучни за развојот на економијата и напредокот на Македонија”

 

 

 
„Стартап Македонија ја создадовме со цел да ја зголемиме свесноста за значењето на стартапите; поорганизирано да преземаме мерки и акции со цел да се развива, како и да си помогнеме самите себеси, со споделување на искуства и знаење за развој на стартапите во кои делуваме“, вели Глигор.Сакаме да се запознаеме или да направиме еден репозиториј на активните членови на таа заедница, да поддржиме настани кои ја промовираат и потенцираат стартап културата, до акции кои ќе значат промена на легислативата за да можат стартапите рапидно да се развиваат, а инвеститорите непречено и стимулативно да инвестираат во нив“.

Заедно основачите на новите компании и искусните претприемачи се согласуваат дека Стартап Македонија може да помогне во креирање на продуктивна бизнис средина. Но, првин треба да се решат основните проблеми како создадевање култура на соработка, во која иновативноста ќе биде секојдневие. „Пред дa збoрувaме зa вмрежувaње нa стaртaп зaедницaтa, нaјпрвo требa дa јa изградиме, дa функциoнирaме кaкo зaедницa. Ние сме се уште вo oвaa фaзa. Дa спoделувaме знaење, искуства, кoнтaкти, дa соработуваме…“, вели Наташа Петкова, ко-основач на Fox Media House.

„Изoлирaнoстa е еден oд нaјгoлемите прoблеми нa кoи сметaм декa требa дa рaбoтиме. Требa дa рaбoтиме и нa прoмoвирaње и грaдење нa стaртaп духoт. Ни недoстaсувa мaлку aгресивнoст и хрaбрoст дa ги грaбнеме мoжнoстите. Знaеш ли сaмo кoлку нaши стaртaпи се имaaт oткaжaнo вo мoментoт кoгa инвеститoрите ќе им кaжaт декa се зaинтересирaни дa инвестирaaт вo нив?“, вели Наташа.

Предизвиците со кои се соочуваат иновативните македонски компаниии се многубројни и чести, но постојат решенија, вели Давид Павловски, директор на Founders Institute. За Давид, Стартап Македонија претставува шанса да се креира уникатна заедница која ќе споделува важни информации што ќе им помогнат на претприемачите.

Natasa Petkova

Наташа Петкова, Fox Media House

 

 

 

“Сакаме локални стартап херои. Тогаш ќе кажам дека Стартап Македонија ја остварила својата мисија. “

 

 

 

 

„Секој иден стартап треба да се фокусира на неколку релеванти точки: да најде листа на добри локални ментори; да најде експерти кои ќе му помогнат во градење на компанијата во сите сегменти, од маркетинг до продажба и инвестиции; место каде стартапите ќе можат да разговараат за equity и други клучни работи што му се потребни на еден претприемач да се развива. Стартап Македонија треба да биде заедница каде за прв пат претприемачите ќе можат да соработуваат со луѓе што имаат вештини како нив“, вели Давид.

За Петар Ниновски, основач на Brainster, соработката помеѓу локалните и регионалните претприемачи ќе значи само поттик да се создадат успешни и иновативни бизниси. „Колку посилна заедница толку подобро за сите нас. Конкретни промени можат да се направат само со здружено делување“, вели тој.

Една од примарните задачи на Стартап Македонија е да се поврзе и со претприемачите во другите градови. Скопје е метрополата која е домаќин на поголемиот број стартапи и претприемачи, но има иновативни компании кои се основани и воБитола, Струмица и Охрид. Јасна Тренгоска, ко-основачна H-Sense и директорка на Girls in Tech Macedonia, вели дека обврската на заедницата е да потикне брилијантните идеи да станат вистински бизниси кои ќе ја освојат Македонија и можеби нивната успешна приказна ќе излезе надвор од границите..

„Мислам дека конкурентноста на стартапите многу зависи од mindset-от на основачите и луѓето кои работат во одреден стартап. Често среќавам луѓе со брилијантни стартап идеи, кои можеби и никогаш нема да се реализираат и да се најдат на пазарот, бидејќи понекогаш сопствениците на тие идеи не се подготвени да превземаат ризици. Од овој аспект, мислам дека е обврска на заедницата да помогне во креирањето на по-динамичен и претприемачки начин на размислување кај луѓето, со што би се охрабриле да се впуштаат во предизвици и поуспешно да го реализираат својот потенцијал“, вели Јасна.

Petar Ninovski

Петар Ниновски, Бреинстер

 

 

 

 

“Конкретни промени може да се направат само со здружено делување.” 

 

 

За сега, предизвиците се пред целата заедница на Стартап Македонија да ги оствари целите кои ќе донесат поконкуретна претприемачка култура. „Јaс мнoгу би сaкaлa дa мoжaм еден ден дa нaбрoјaм бaрем три стaртaпи сo кoи се гoрдеaм. Лoкaлни стaртaп херoи, кoи имaле гoлемa пoбедa. Тoгaш ќе кажам декa oвaa зaедницa си јa oствaрилa својата мисијa, a и јaс свoјaтa“, вели Наташа.

 

За Стартап Македонија:

 

Стартап Македонија е асоцијација основана по моделот на другите стартап здружувања ширум светот. Основана е од група претприемачи, експерти, акцелератори и инвеститори со желба да создаде конкурентна заедница на иновативни бизниси кои ќе имаат поддршка и знаење да се натпреваруваат со регионалните и европските стартапи.

Меѓу целите на Стартап Македонија е да поттикне култура на иновации;да креира дата база на стартапи, ментори и експерти кои ќе споделуваат знаење; да креира средина каде ќе се разговара отворено за проблемите и решенијата, и заедно ќе се работи кон поголема иновативност; да ги идентификува проблемите, решенијата и елиминација на бариери кои го ограничуваат развојот на стартапите во Р. Македонија; и да ја подобри правната регулатива која се однесува на стартапите и зголемување на атрактивноста за инвеститори надвор од Р. Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×