Fortune 500 со рекорден број жени извршни директори
Објавено на од во Економија

Forune 500 WEB 961Бројот на жени извршни директори на листата Fortune 500 годинава е зголемен за повеќе од 50%. За разлика од минатата година кога 21 компанија имале жена за главен извршен директор, годинава жени се на чело на 32 компaнии од листата на Fortune 500. Иако бројот на жени менаџери во корпоративна Америка се зголемува, 32 жени извршни директори е се уште многу, многу мала бројка. Тоа значи дека само 6,4% од 500 најголеми компании имаат жени извршни директори.

Листата Fortune 500 станува малку попријателски ориентирана кон жените. По падот од 21% минатата година, бројот на жени извршни директори на листата Fortune 500 годинава е зголемен за повеќе од 50%. За разлика од минатата година кога 21 компанија имале жена за главен извршен директор, годинава жени се на чело на 32 компaнии од листата на Fortune 500.

Тоа е нов рекорд. Во рангирањето за 2017 година има најмногу жени од сите претходни рангирања, откако листата Fortune 500 беше првпат подготвена во 1955 година.

Има два начина на кои може да се гледа на оваа вест. Од една страна, зголемувањето значи дека жените прогресираат нагоре на американската корпоративна скала. Од друга страна, 32 жени извршни директори е се уште многу, многу мала бројка. Тоа значи дека само 6,4% од 500 најголеми компании имаат жени извршни директори, што не е во никој случај репрезентативен примерок на пошироката популација.

Годинешната листа е историска и заради уште една причина. Ова е прва листа на Fortune 500 на која има жена со хиспанско потекло. Цео-то на корпорацијата PG&E, Гејша Вилијамс, која е родена во Куба, а која на 5 годишна возраст со семејството емигрирала во САД, во март 2017 година застана на челната функција.

Вилијам е една од двете жени со различна боја на кожа, заедно со Индра Нои, извршната директорка на PepsiCo’s, која е по потекло од Индија. На сегашната листа Fortune 500 нема ниту една жена со афро-американско потекло, откако минатата година Урсула Барнс пред речиси една година си замина од челната позиција во Xerox Corporation.

Меѓу новите жени извршни директори на годинешната листа на Fortune 500 директорката на Hershey, Мишел Бак, извршната директорка на Mattel, Марго Георгиадис.

Во прилог е листата на 10 жени извршни директори на листата Fortune 500.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×