Форум за предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила
Објавено на од во Економија
„Предизвици на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“ е тема на форумот што денеска ќе се одржи во Скопје.
Social media network, searching for professional stuff, employment concept.На форумот ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и ќе учествува на панелот на тема „Трендовите во работните односи и мотивите за останување во државата“.
На форумот воведни излагања ќе имаат и Неби Хоџа претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Гречен Биркл вршител на должноста претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава и Љубомир Димовски директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
Форумот е организиран од страна на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори и МАСИТ, во соработка со ЕПИ центар, а со поддршка на УСАИД, во рамките на заедничкиот проект „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Целта е да се претстават предизвиците на компаниите со наоѓање квалификувани работници, начините со кои младите би се задржале во земјата за отворање на нови перспективи и споредба со позитивни искуства од регионот.
Низ процес на јавно приватен дијалог ќе се иницираат конкретни решенија што ќе обезбедат поголем развој пазарот на трудот, реформи во формалното и неформалното образование, како и стратешки насоки за намалување на невработеноста меѓу младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×