ФОТО ГАЛЕРИЈА: 33 метарскиот крст за Тоше Проески изграден пред четири години
Објавено на од во lifestyle
Пред четири години Бетон, Факом и Минчо Јорданов изградија и  пуштија во употреба 33 метарски крст посветен на великанот Тоше Проески. Крстот е  поставен  на месноста Вршник (Крушевско), на надморска височина од над 1600 метри и е тежок 24 тони.На тој начин беше остварен аманетот на прерано почината македонска и балканска музичка легенда за изградба на овој сакрален објект.

Интересно е што крстот е поставен на истото место кое што Тоше Проески често го посетувал и на кое црпел голем дел од животната и креативната енергија која потоа така несебично ја ширеше на  околината. На само неколку десетина метри од крстот се наоѓа и манастирот кој Тоше Проески своерачно почна да го гради и финансира, а кој се уште не е завршен целосно. Токму ваквата состојба најдобро го отсликува односот на Крушевчани и општо на цела Македонија кон ликот и делото на овој наш и регионален великан. Наместо да го следат примерот на Бетон, Факом и Минчо Јорданов и најбрзо можно да го изградат ова живо се македонско современо светилиште крушевчани повеќе сакаат да дебатираат околу ликот, делото и наследството на Тоше наместо да направат нешто конкретно во оваа чест.

Во галеријата подолу може да се види дека на чинот на осветувањето на крстот и покрај магливотото, врнежливо време тогаш дојдоа многубројни почитувачи на ликот и делото на Тоше и обожаватели од целиот Балкан.

Бизнисменот Минчо Јорданов како блогодарноста за оваа и многу други донации истаката година беше  добитник нанајпрестижната награда на Крушево, плакетата „Осми септември“.

Самиот Јорданов, тогаш скромно, посочи дека неговото дејствување на повеќе полиња е дел од општествената одговорност што треба да ја имаат стопанствениците.

„Нашата одговорност треба постојано да ја искажуваме. Потребно е да се помагаат општествените, социјалните, спортските, културните активности што го подигаат нивото на животот на граѓаните .Ќе продолжам и понатаму по овој трасиран пат. Ние сме сиромашна држава и затоа бизнисмените и претпријатијата треба да придонесуваат за ублажувањето на таа социјална компонента – изјави Јорданов при примањето на наградата“.

Признанието на Јорданов му беше врачено откако општината по повод денот на градот, Осми септември, донесе одлука да му ја додели наградата поради неговиот придонес за популаризација и афирмација на Крушево и поради несебичното залагање за поставувањето на 33-метарскиот крст кај месноста Вршник.

„Поради големиот придонес за развој на градот одлучивме признанието да му го доделиме на Минчо Јорданов. Му се оддолжуваме на овој начин за неговиот придонес’ – рече тогашниот  градоначалникот на Крушево, Василчо Дамчевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×