(Фото галерија) Полјаците на масовни протести во одбрана на независноста на судството  
Објавено на од во Политика

Poland 1Десетици илјади граѓани излегоа на протести во Варшава против новиот закон кој му овозможува на парламентот да именува судии во Врховниот суд. ЕУ најави санкции против Полска, доколку законот не биде повлечен.

Законот поднесен од владејачката партија на Правото и правдата (ПиС) беше изгласан во парламентот по жестока дебата, по што десeтици илјади граѓани се собраа на протести пред Парламентот во Варшава, а во речиси 80 градови надвор од зградата палат свеќи пред судовите барајќи од претседателот Анджеј Дуда да ја запре  реформата на судството.

Следуваше еден од најмасовните протести од доаѓањето на ПиС на власт во 2015 година. ЕУ, која веќе реагираше поради тоа што со законот судството се става под директна контрола на владата, и даде рок од една недела на Полска да го повлече спорниот закон или да се соочи со остри санкции.

Во игра се казни и суспензија на гласачкото право на Полска во ЕУ, иако земји како Унгарија би можеле да стават вето на конечната одлука.

Протестите, во организација на опозициските партии, се одржаа пред претседателската палата во Варшава, иако претседателот Анджеј Дуда во моментов се наоѓа на одмор. Десетици илјади луѓе демонстрираа и во други градови во земјата. Граѓаните бараат од Дуда да стави вето на законот, иако тој важи за близок до ПиС.

Со законските измени досега самостојниот судски совет што го  избираа судиите и што ја контролира независноста на судството, сега со просто мнозинство можат да го изберат  пратениците на владејачката Партија на правото и правдата.

На демонстрантите за првпат им се придружија многу млади  Полјаци, кои, во два часот по полноќ, довлекоа контејнер за да направат барикада на влезот на парламентот.  Полицијата, која од  вторникот ја претвори зградата на парламентот во тврдина опкружена со метални бариери и непрооден кордон од полицајци, буквално ги однесе демонстрантите кои седеа тука,  ги легитимираше и  ги предупреди дека ќе мора да употреби сила, а не само парични казни за блокирање на сообраќајот.
Загриженост во врска со реформите што, како што наведува, можат да го ослабнат владеењето на правото, изрази и американскиот Стејт департмент.
Реформата на судството предизвика раздор и меѓу Вишеградската група откако унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо со поддршка на полската влада, а ЕУ ја обвини  дека почнала лов на вештерки кон  Полска и Унгарија бидејќи на поинаков начин гледаат на проблемите.
Од друга страна, чешкиот министерот Љубомир Заорлек ја осуди реформата, а чешката еврокомесарка за правда, Вера Јоурова, се закани дека  поради контроверзните реформи Полска ќе остане без пари од европските фондови до 2021 година бидејќи на даночните обврзници во Европа не им паѓа на ум да финансираат воведувањето диктатура во земја-членка.

Во Чешка голем публицитет е даден на проценката на Павел Рхетски, претседател на Уставниот суд, кој е почитуван од целиот политички спектар, кој рече дека во Полска е на дело  фронтален напад врз судството и врз демократијата и дека властите ја ликвидираат независноста на судиите за да ја уништат нивната основна мисија да ја контролираат владата и да ги бранат правата на граѓаните.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×