(Фотогалерија) ПроКредит Банка прослави 13 години работење и ја отвори новата енергетски ефикасна Управна зграда 
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Picture8Со повеќе од 1.000 присутни гости, акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор: Амбасадорот на САД Џес Бејли и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер, менаџментот и вработените на ПроКредит Банките од Романија, Украина, Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција, клиенти, соработници и пријатели на банката, ПроКредит Македонија прослави 13 години успешно работење и свечено ја отвори новата Централна управна зграда. Ова е уште една значајна инвестиција од ПроКредит Банка, изградена според најсовремени енергетско ефикасни стандарди и изведена од македонски градежни компании и архитекти.

Гувернерот Димитар Богов со почесен збор прв се обрати на присутните, потенцирајќи дека ПроКредит отсекогаш била и останала 100% германска банка и досега има дадено значителен придонес кон модернизацијата и унапредувањето на банкарскиот сектор со позитивниот пример на 24/7 Зона. Богов ја потенцираше и улогата на НБРМ како конзервативен регулатор на банкарскиот систем во Македонија, во одржувањето на стабилен курс на денарот и чување на солидни девизни резерви.

Picture2

Кристине Алтхаузер, амбасадор на Германија

Германската Амбасадорка Кристине Алтхаузер ја спореди новата Централна управа со современите европски особено германски објекти градени по највисоки енергетски стандарди и го поддржа начинот на работење на банката преку автоматизирани зони кои нудат банкомати и за уплата и за исплата за пари – денари, евра и кованици.

Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија и Член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, Борислав Костадинов наведе дека ПроКредит Холдинг како 100% акционер на ПроКредит Банка ги поддржува заложбите на банката за одговорно банкарство, подобра и поквалитетна банкарска услуга за малите и средни препријатија во Македонија, преку постојани инвестиции во кадарот и технологијата во експозитурите.

Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка им посака успех и добра соработка на клиентите и на вработените во модерна и соверемена централна управа. Таа ги посочи сите предности кои македонските граѓани и бизнисмени имаат можност да ги користат: врвен кадар на професионалци кои работат со најпродуктивниот сегмент од македонските претприемачи, широка мрежа на банки во регионот за брзи и најповолни трансфери, банка со најсовремена технологија за услуга 24/7, први на пазарот со банкомати за уплата и исплата на ЕУР и МКД готовина во секое време, дури и од штедна сметка.

Зградата лоцирана на улицата Илинденска е со минимална емисија на CO2 и голем придонес за чиста животна средина. Зградата располага со 100 фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени електрични станици за полнење на електричните возила, има зелени градини на терасите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×