Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Франција, Британија и Германија испратија официјално дипломатско предупредување до Иран за сериозните последици со кои ќе биде соочен Техеран доколку не се однесува согласно нуклеарниот договор од 2015 година, изјавија денеска двајца неименувани дипломати.
иранЕвропските потписници на договорот поднесоа дипломатски демарш на 22 јуни, со цел да се предупреди Иран да не ги намалува своите обврски кон договорот.
Засега не е познато со какви последици може да се соочи Иран доколку не се придржува кон договорот.
Иран соопшти дека нема да им даде повеќе време на европските сили по 8 јули за спас на нуклеарниот договор.
Техеран нагласи и дека е подготвен да ја оствари заканата за збогатување ураниум на повисоко ниво, доколку Европа не го заштити Иран од санкциите на САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×