Франција ќе бара регулирање на биткоинот на следниот Г20 самит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Францускиот министер за економија и за финансии, Бруно Ле Мер, вчера во разговор за тамошниот ТВ-канал LCI најави дека следната година ќе иницира расправа за биткоинот на ниво на земјите Г20 – економски најсилните држави. Следната година во април, домаќин на самитот на Г20 ќе биде Аргентина, а претставниците на Франција ќе бараат соодветно внимание на настанот да им се посвети на криптовалутите и на расправата за носење регулатива за оваа област.

„Очигледно е дека шпекулациите носат голем ризик. Мораме тоа да го разгледаме и да испитаме како би можеле, заедно со државите од Г20, да почнеме да го регулираме биткоинот“, изјави Ле Мер.

И на ниво на Европската унија се бара начин да се воведат нешто построги правила и регулатива за криптовалутниот пазар, за да се спречат нелегалните активности како перење пари и финансирање тероризам.

Во меѓувреме, цената на биткоинот малку го забави вртоглавиот раст, но се чини дека незадржливо се приближува до нивото од 20.000 долари, за кое најверојатно е прашање на денови кога ќе биде достигнато. Ако тоа се случи, биткоинот 2017 година ќе ја заврши со 20 пати поголема вредност отколку на почетокот на годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×