Франција се подготвува за Брегзит без договор
Објавено на од во Економија
Француската Влада ги зајакнува плановите за хаотичен Брегзит и министерката за европски прашања Орели де Моншален предупреди дека Велика Британија веројатно ќе ја напушти ЕУ без договор.
бреџитМоншален изјави денеска дека е „очигледно веројатно“ Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври без никаков план како да се справи со трговијата, патувањето и прекуграничното работење.
Таа рече дека за Брегзит „постојано се разговара“ со британските претставници и дека договорот за излез постигнат од поранешната премиерка Тереза Меј со Брисел „се уште е на маса“.
Моншален одби да ја коментира суспензијата на британскиот Парламент до средината на октомври.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер вчера се состана со својот британски колега и рече дека е „фундаментално да се одржи тесна соработка со Велика Британија“ и покрај Брегзит, особено во борбата против тероризмот и управувањето со миграциите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×