Франција усвои 3% данок на приходите од интернет гигантите
Објавено на од во hi-tech & business

Долниот дом на францускиот парламент го одобри новиот данок што ќе влијае на интернет гигантите, како што се Гугл, Амазон и Фејсбук. Владата на Франција, исто така, се надева дека другите земји ќе го следат примерот, соопшти АП.

данок фрПредлог-законот има за цел да ги спречи мултинационалните компании да избегнуваат данок со поместување на нивните седишта во земји со ниски даноци. Во моментов, компаниите речиси не плаќаат даноци во земји каде што имаат голема продажба како Франција.

Предлог-законот предвидува 3% данок на приходи во Франција за дигитални компании со светски приход од над 750 милиони евра (847 милиони американски долари) и 25 милиони евра во европската земја.

Мерката оди во Сенатот, каде што ќе се гласа следната недела. Се’ очекува да биде одобрен.

Технолошкиот сектор предупреди дека ова може да доведе до повисоки трошоци за потрошувачите.

Исто така, може да бидат засегнати и американските компании како Airbnb и Uber, како и Кина и Европа. Главно, данокот е насочен кон оние кои користат податоци од корисниците да продаваат онлајн реклами.

Француското Министерство за финансии процени дека данокот ќе генерира приходи од 500 милиони евра годишно во 2019 година, но тоа ќе се зголеми “брзо”.

Париз не успеа да ги убеди партнерите од ЕУ да го прифатат пан-европскиот данок, но се бори за меѓународен договор со 34-те земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×