Франција воведува данок од 3% на приходите на големите ИТ компании
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Француската влада планира да воведе данок од 3% приходите кои ги остваруваат во Франција светските онлајн гиганти, како што се Гугл, Амазон и Фејсбук.
danok IT
Министерот за финансии, Бруно Ле Мер, денеска на редовната владина седница ќе го претстави нацрт-законот пред да биде доставен до парламентот.
Според предлогот, данокот се воведува за дигитални компании со светски приходи од над 750 милиони евра, вклучувајќи ги и приходите остварени во Франција кои надминуваат 25 милиони евра.
Со овој данок ќе бидат погодени околу 30 комапнии, од кои најголемиот дел се со седиште во САД, но и во Кина и Европа.

Според проценките на францускиот министер за финансии со новиот данок ќе се соберат околу 500 милиони евра годишно.

Франција одлучи да го воведе овој данок, и покрај тоа што сличен предлог кој беше предложен на ниво на Европската унија не доби едногласна поддршка од земјите-членки на Унијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×