Францускиот Амбасадор во Македонија во посета на „Алкалоид“
Објавено на од во Компании

 Делегација од Амбасадата на Франција во Република Македонија, предводена од Н.Е., амбасадорот Кристијан Тимоние, денеска оствари официјална работна посета на фармацевтската компанија “Алкалоид“ со цел да се запознаат со резултатите од осумдецениското работење на компанијата, нејзините пласмани и производното портфолио. Во рамки на средбата со менаџерскиот тим, беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годинините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.

Alkaloid Francuski ambasadorАмбасадорот Тимоние истакна дека е импресиониран од посетата и од успешното работење на „Алкалоид“.
„Особено сум среќен што Алкалоид успешно соработува со неколку француски фармацевтски компании, но заеднички ќе се обидеме да го зголемиме нивниот број во иднина и да воспоставиме  продлабочена соработка во делот на истражувањето, што би било од големо значење за двете земји. Алкалоид е успешна приказна, која покажува дека кога постои знаење, сé се може“, изјави Тимоние.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“,Живко Мукаетов посочи дека посетата од страна на францускиот амбасадор претставува огромна чест за компанијата, која е подготвена да вложи и дополнителни напори со цел интензивирање на соработката помеѓу двете држави.

„Годинава, кога славиме осум децении истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во алкалоидовата визија за поздрав живот, не можам, а да не ги споменам и генерациите Алкалоидовци пред нас, благодарение на чии несебични заложби, денес сме една од најмодерните и најбрзорастечки фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени и пласмани во над 30 земји во светот“, истакна Мукаетов.

Во рамки на официјалната посета, гостите имаа можност одблизу да се запознаат со производните капацитети на компанијата и сегментите за истражување, како и со новиот Центар за контрола на квалитет.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×