Францускиот министер за финансии предупредува дека еврото е под голема закана
Објавено на од во Економија
Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека еврото „е под закана како никогаш порано”, поради ризикот од економска криза поврзана со трговските војни и европските политичари кои сакаат да се стави крај на единствената валута.
бруно ле мер„Има и такви кои, како мене, веруваат дека еврото сега е под закана каква што немало досега“, изјави Ле Мер. Тој додаде дека постои ризик за „враќање на финансиската криза”.
Според него, заканата постои не само поради трговската војна меѓу Кина и САД, туку и поради појавата на десничарски лидери во Европа кои би биле среќни да го видат крајот на Унијата.
„Нашата единствена валута сега е под политичка закана, бидејќи многу европски лидери не ја кријат желбата да видат како еврото исчезнува“, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер за новинарите во Париз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×