Фрејк Јанмаат: Пандемијата нема да ги попречи еворинтеграциите на земјата
Објавено на од во Интервју

aleksandar.00_00_15_03.Still001Фрејк Јанмаат
раководител на Сектор за економски прашања во Делегација на ЕУ во Скопје

„Не гледам какви било големи последици од актуелната корона криза врз процесот на пристапување. Прво ќе видиме кога може да биде усвоена преговарачката рамка во Брисел од сите земји членки, штом ова ќе биде завршено, ќе преминеме на тн. скрининг на поглавјата, билатерален скрининг низ кој македонските власти ќе треба да прикажат за секое од поглавјата од aquis на кое ниво на напредок се, како за усвоените закони, но и за имплементацијата на овие закони. И овие состаноци може да бидат организирани онлајн така што не гледам некакво влијание во тој дел“

 

Пандемијата со коронавирусот нема да влијае на евроинтеграциите на земјата, вели во разговорот што го направивме, Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Тој вели дека иако повеќето европски институции, како и тој самиот и целата Делегација во Скопје се уште работат од дома, состаноците може непречено да се организираат онлајн.
„Не гледам какви било големи последици од актуелната корона криза врз процесот на пристапување. Прво ќе видиме кога може да биде усвоена преговарачката рамка во Брисел од сите земји членки, штом ова ќе биде завршено, ќе преминеме на тн. скрининг на поглавјата, билатерален скрининг низ кој македонските власти ќе треба да прикажат за секое од поглавјата од aquis на кое ниво на напредок се, како за усвоените закони, но и за имплементацијата на овие закони. И овие состаноци може да бидат организирани онлајн така што не гледам некакво влијание во тој дел“, вели Јанмаат.
Но, Европската Комисија процени дека пандемијата несомнено ќе има влијанија врз економијата. Според најновите прогнози, нашата економија годинава ќе падне во рецесија со пад на бруто домашниот производ од 3,9%.
„Главните причини за ова се домашната побарувачка, гледаме дека поради затворањето домашната побарувачка се намали. Луѓето останаа дома, продавниците беа затворени, фабриките беа затворени делумно, и тоа има влијание на расположливиот приход, на вработувањето, тоа е една работа, потоа друго е што гледаме забавување и кај најголемите трговски партнери на Северна Македонија особено во ЕУ што е најголем извозен пазар, и тоа доведе до намалување на извозот, и трета работа е нарушување на синџирите на снабдување. Исто така и кај извозот видовме одредено нарушување, на пример ако земете предвид дека Северна Македонија увезува многу од Кина, и овие транспортни текови беа прекинати“, вели Јанмаат.
Проценката на Европската комисија е една од најпесимистичките за јачината на ударот од пандемијата врз економијата, а на прашањето на што се должи овој песимизам, Јанмаат вели:
„Не мислам дека сме повеќе негативни од останатите, ако ги видиме на пример рејтинг агенциите, Standard & Poor’s и Fitch, тие дури предвидуваа поголемо забавување на економската активност, но се ќе зависи од тоа колку долго оваа корона криза ќе трае. Наша проценка врз која ги темелиме проценките за растот е дека бавно ќе се вратиме во нормала после мај, и дека во втората половина од годината ќе забележиме раст, но тоа зависи од тоа колку кризата ќе трае“, објаснува Јанмаат.
Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество.
Антикризните мерки на Владата се издржани и треба да дадат резултати
За мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата, Јанмаат вели дека се издржани и очекува да дадат резултати.
„Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, потенцира Јанмаат.
Сепак, покрај мерките за ублажување на негативните ефекти на краток рок, Европската комисија сугерира да се прават структурни економски реформи што ќе ги решат постојаните проблеми во ова општество.
„Имавме минатата недела таканречен Дијалог за заеднички политики помеѓу ЕУ членките и кандидатите за економските политики и имаше неколку препораки заеднички донесени и од страна на Северна Македонија, министерката за финансии и гувернерката на Народната банка, и од земјите членки на ЕУ. Има неколку различни аспекти, ако зборуваме за структурните економски реформи, се согласија на бројни реформи, една е дека Владата треба да продолжи да обрнува внимание на микро и малите претпријатија, да следи колку ликвидност има во овие сектори. Она што е исто така важно е дека има прелевање од неформалната во формална економија, особено кај микро фирмите но и самовработените луѓе, така што тие некако ќе бидат убедени со актуелните мерки и субвенции да ги формализираат нивните бизниси и да почнат да плаќаат даноци. Трета структурна економска реформа е да се олесни за компаниите и граѓаните да имаат пристап до онлајн услуги, да се направи се да биде повеќе онлајн, во оваа криза мислам дека е важно Владата да се фокусира повеќе на тоа“, истакна Јанмаат и додаде дека на на социјалната страна, важно е Владата да се фокусира невработените да имаат полесен пристап до пазарот на труд.
„Ова може да се направи со зголемување на капацитетот на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа, да се координираат подобро заедно, но исто така да обезбедат соодветни обуки за невработени за да ги подготват подобро за пазарот на труд. Друга социјална мерка што е очигледна е да се посвети должно внимание на здравствениот систем, да се увериме дека овој систем станува повеќе финансиски стабилен и да се увериме дека сите луѓе имаат соодветен пристап до здравствените услуги“, вели Јанмаат.
aleksandar.00_10_26_06.Still005Зголемените трошоци сега се оправдани, но потоа ременот ќе треба да стегне
Во делот на трошењето на народните пари, Јанмаат смета дека зголемените трошоци сега се оправдани, но потоа ременот ќе треба да се стега.
„Очигледно е дека во моментов гледаме зголемување на јавните трошења што е нормално во кризи како оваа, но постепено ќе треба да се вратиме на состојба во која јавните финансии ќе бидат одржливи. Во таа смисла важно е органскиот буџетски закон да содржи фискални правила, на пример во ЕУ има правило дека јавниот долг не може да биде повисок од 60% од БДП и буџетскиот дефицит не може да биде повисок од 3% од БДП. Секако во вакви ситуации, многу земји го прекршуваат ова правило, но на крај постепено ќе мора да се вратиме на овие нивоа. Тоа е една работа што ја очекуваме од органскиот буџетски закон, а друга е, би сакале да видиме воспоставување на фискален совет, што е поддржано од Владата, вид на независен совет каков што има и во други земји, други ЕУ членки, што ќе обезбеди неутрално надворешно мислење за фискалната политика“, истакна Јанмаат
Уверувајќи дека земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ, Јанмаат вели дека тоа е исклучително важно, не само во ова време на криза, туку и за забрзување на економијата и подобрување на животот на сите граѓани.
„Мора да кажам дека секогаш кога зборувам со рејтинг агенции или со странски инвеститори, секогаш ме прашуваат економски прашања, но секогаш прашуваат и до каде е Северна Македонија во преговарачкиот процес. Видовме со останатите земји во регионот, Србија и Црна Гора на пример, дека ова е всушност печат на одобрување ако процесот на преговарање почне, тоа значи дека конкретната земја, во случајов Северна Македонија има достигнато одредено ниво на сигурност и стабилност на своите политики, и особено е важно за области како владеење на правото, реформа на јавната администрација, но и економското владеење. Тоа значи поголема интеракција меѓу ЕУ и Северна Македонија и ова само ќе се зголемува низ пристапните преговори. Ова ќе биде важно за граѓаните да имаат поголема доверба во независни правосудни институции, почитување на основните вредности како слобода на изразување, основните човекови права, се ова постепено ќе се подобрува откако преговорите ќе почнат. Ќе останеме посветени да ја поддржуваме Северна Македонија на овој пат, во тековната криза веќе помогнавме со грантови од 66 милиони евра, дел за здравство, дел за економско социјален развој, и се надеваме дека Европскиот Совет наскоро ќе ја одобри тн. макрофинансиска поддршка, тоа се заеми но со многу ниски камати кои што ќе помогнат за потребите за билансот на плаќања на Северна Македонија“, истакна Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Дегелацијата на ЕУ во Скопје.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×