Фрустрацијата како причина за агресијата
Објавено на од во lifestyle

 Фељтон: Агресијa – моќта на човечкиот  деструктивен нагон (4)

 

Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов објавуваат серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество.

 

Пишуваат:

Проф. д-р. Методи Чепреганов, невропсихијатар
Теодора Костовска, интернационален учител на Art  of  Living
Добро познатиот татко на психоанализата, Сигмунд Фројд, во сопствените размислувања за анатомијата на човечката деструктивност, во неговата рана теорија тврди дека човечките агресивни однесувања се мотивирани од сексуалните и инстинктивни нагони, познати како либидо, енергијата добиена од еросот или нагонот за живот. Репресијата на  либидиналните нагони се изразува како агресија. На  пример, експресија на детската агресивност набљудувана преку Фројдовата теорија е изразување на Едиповиот комплекс.

Едно момче, околу пет годишна возраст, почнува да развива сексуална желба кон својата мајка. Тој почнува да ја сфаќа како добавувач на храна и љубов и, на тој начин, сака да го продлабочи односот во интимен и близок. Таквата желба на момчето кон својата мајка предизвикува отфрлање на таткото, манифестирајќи агресија кон него. На таткото се гледа како на конкурент и ривал каде што тие двајцата се обидуваат да ја освојат и да ја придобијат љубовта на мајката. Од една страна, тој го сака својот татко, но од другата, всушност посакува да исчезне, така што ќе може да си формира интимна врска со мајката. Овој конфликт се развива внатре во младото момче и кај него се развива огромно чувство на вина, соочувајќи се со супериорноста и големината на неговиот татко. Ова предизвикува страв кај момчето, коешто верува дека прогонувајќи ја мајкината наклонетост, неговиот татко ќе сака да го повреди, всушност кастрирајќи го.

Репресијата на  либидото се изразува како агресија

За решавање на конфликтот, момчето учи да ја одбие својата мајка како објект за љубов, за на крајот, евентуално, да се идентификува со својот татко. На тој начин ќе разбере дека интимната врска со неговата мајка, всушност, е несоодветна.

Фројд го додава концептот на Танатос или силата на смртта, во својата теорија на  Еросот на човековото однесување. Спротивно на енергија на либидото, емитирана од Еросот, Танатос – енергијата ја охрабрува деструкцијата и смртта. Во овој конфликт помеѓу Еросот и Танатосот, некои од негативните енергии на Танатосот се во правец кон другите, за да се спречи самоуништувањето на поединецот.  На тој начин, Фројд тврди дека поместувањето на негативната енергија на Танатос врз другите, всушност е агресијата.

Cepreganov foto

Проф. д-р. Методи Чепреганов, невропсихијатар

Ако адаптираната теорија на Фројд  во фокусот на вниманието го има инстинктот  на смртта како причина за агресијата, Конрад Лоренц инстинктивната агресивност ја гледа како производ на еволуцијата. Во суштина, Лоренц ја комбинира теоријата за агресија на Фројд со теоријата за природна селекција на Чарлс Дарвин. Во оваа интерпретација, агресивноста  е  корисна и овозможува опстанок и успех на популациите, преку агресивните видови од најсилните животни кои ги елиминираат послабите за, во текот на еволуцијата, крајниот резултат да  биде посилно и поздраво население. Ова еволуционистичка теорија за агресијата е една од многуте биолошки теории кои, во целина, се слични на психоаналитичката теорија, според која агресијата се разбира  како инстинкт. Заедничкото, за некои биолошки теории, е мислењето дека агресијата е манифестација на генетско или хемиско влијание. Емпириските докази покажуваат дека церебрална електрична стимулација на одредени локации, може да индуцираат или инхибираат агресија.

Во денешниот насилен свет, исполнет со убиства и насилство, агресијата би морале да ја сметаме како збир од безброј фактори,  помеѓу   кои  доминира интелектуалната  немоќ,  поради    крајно  сиромашен  резервоар   на знаења  и недостаток  на  инкорпорирани  социјални,  морални,  етички   и  духовни    норми,   од  што  резултира   неспособност да  се  разговара,  да  се преговара  и  да  се  донесе  соодветен  заклучок,  без  агресија   и  насилство.

Други биолошки теоретичари, сметаат дека генетиката може да биде составен дел на агресијата. Одредени истражувања укажуваат дека некои раси на животни се агресивни,  други, пак, се природно пасивни. Некои покомплетни студии покажаа дека присуството или отсуството на одредени хемикалии и хормони, влијаат на агресивноста. На пример, високи нивоа на хормонот тестостерон и невротрансмитери,  како што се серотонин, допамин и норадреналин, создава повисок степен на агресија. Покрај тоа, серотонин се користи фармаколошки како  третман во борбата против непредвидливата агресија.

Фрустрацијата е причина за агресија, а агресијата е резултат на фрустрација. Резултатите покажале дека, колку е повисоко нивото на фрустрација, толку повеќе е зголемена склоноста на лицата да дејствуваат агресивно.  

 

Сосем друга, пак, категорија на агресија поттикнува теорија на импулси каде  агресијата е креирана од вродени потреби. Во оваа теорија, фрустрацијата и агресијата се поврзани во причинско – последователни односи. Фрустрацијата е причина за агресија, а агресијата е резултат на фрустрација. Резултатите покажале дека, колку е повисоко нивото на фрустрација, толку повеќе е зголемена склоноста на лицата да дејствуваат агресивно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×