Фунтата повторно тргна надолу
Објавено на од во Економија
Британската фунта падна на најниско ниво за две недели откако тензиите меѓу политичарите во Лондон се зголемуваат.
Pound Coins - UKВалутата е во најлош состојба во однос на оние од Г10, откако премиерот Борис Џоонсон се закани дека ќе ги протера конзервативните пратеници кои се обидуваат да го блокираат излезот на Велика Британија од Европската Унија без договор. Во меѓувреме, британскиот производствен сектор забележа најголем пад од август 2012 година.
Фунтата падна за 0,6 проценти на 1,2084 американски долари и 0,3 проценти на 90,71 пена во однос на еврото. Приносите на 10-годишните обврзници паднаа за четири основни поени на 0,44 проценти.
Во август, неочекувано, падот во производниот сектор продолжи. Трендот е воден од пад на новите нарачки, а оптимизмот кај компаниите паѓа на рекордно ниско ниво, според IHS Markit. Извозот страда од трговски тензии и забавување на глобалната економија.
Индексот IHS Markit падна на 47,4 минатиот месец, што е намалување од 48 во јули. Аналитичарите очекуваа мало подобрување. Резултатот сугерира контракција од 2% на квартална основа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×