Connect with us

технологии / компании

Fx3x со поддршка на УСАИД обучи 60 луѓе со вештини потребни за филмската индустрија

објавено

на

Со обуката за визуелни ефекти за филм учесниците стекнаа знаења и вештини кои им помогнаа да се изградат во кариерниот профил артист за визуелни ефекти со можност за работа на интегрирање на дигитални елементи во претходно снимени материјали за филм или телевизија, а со обуката за 3D моделирање и анимација ќе можат да градат кариера како CG артист и да работат на компјутерски генерирани анимации и симулации, како и AR/VR/Game проекти со примена на најнови технологии.

Њуменс Бизнис Акцелераторот и тренинг центарот VFX Nest, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за филмски визуелни ефекти и 3D моделирање и анимација – Fx3x, успешно ја завршија реализацијата на шестмесечните интензивни обуки кои имаа за цел да оформат специјализирани и лесно вработливи кариерни профили во областа на филмска и ТВ индустрија и визуелните уметности.

Со Обуката за Визуелни ефекти за филм учесниците стекнаа знаења и вештини кои им помогнаа да се изградат во кариерниот профил Артист за Визуелни ефекти со можност за работа на интегрирање на дигитални елементи во претходно снимени материјали за филм или телевизија, а со Обуката за 3D моделирање и анимација ќе можат да градат кариера како CG Артист и да работат на компјутерски генерирани анимации и симулации, како и AR/VR/Game проекти со примена на најнови технологии.

На завршниот настан кој се организираше на 6ти март и тоа на комбиниран начин – истовремено и онлајн и во просториите на Fx3x свое обраќање имаше Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава , Ерик Јановски. „Веруваме дека образованието е клучниот двигател на развојот и дека кога невработените лица учат нови, применливи вештини поврзани со достоинствена работа, можат да изградат надежна и просперитетна иднина за нив и нивните семејства, заедници и држава.

УСАИД е вашиот партнер во овие напори и ќе продолжиме да соработуваме со Владата, приватниот сектор и работната сила и да ко-инвестираме во решенија кои ќе ја намалат невработеноста и ќе го спречат „одливот на мозоци“ од земјата, преку градење на посилна и одржлива економија“, изјави тој во своето обраќање.

Заради можноста дел од учесниците да следат дел од наставата и онлајн, за прв пат во ваква комплексна и високо технолошка програма имаа можност да се вклучат и учесници ширум земјата и тоа од: Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Прилеп, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Битола, Ресен, Охрид, Кочани, Македонски Брод и Струмица, од кои 26 девојки и 34 момчиња, од различни образовни профили и на различна возраст. На Обуките им претходеше процес на селекција на кандидатите и кариерно советување и насочување организирано од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и изведено од кариерната советничка Катерина Златановска Попова.

Обуките се реализираа со интензивна динамика во период од 6 месеци, каде паралелно со совладувањето на редовниот наставен материјал се работеше и преку практична и групна работа за совладување на многу различни аспекти од работниот процес неопходен при создавањето на филмски, ТВ и анимирани дела од светски рамки. За изведувањето на обуките во соработка со компанијата Fx3x беа ангажирани ментори со над 15 години искуство во индустријата со учество во преку 100 холивудски наслови: Terminator, Avengers, James Bond, Fast and Furious, Transformers, X-Men, Mission Impossible, Spiderman, Hunger Games, Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star Trek, на суперхероите од Marvel и DC Universe и многу други.

За време на настанот беа презентирани и дел од сработените материјали од страна на студентите, а им беа доделени и Сертификати од страна на Координаторите на Академиите. Од страна на соосновачот на компанијата Fx3x, Кристијан Даниловски, беше изразено задоволство од текот на обуките и од постигнатиот напредок на учесниците и беше изразена спремност голем дел од истите да добијат можност за работен ангажман во текот на оваа година во согласност со динамиката на зголемување на соработката со Холивуд откако индустријата после првичниот шок од Covid19 пандемијата се рестартираше и се справува со предизвиците преку воведување на иновации и користење на нови технологии, со дел од кои учесниците имаа можност да се запознаат и за време на наставата како Game Engines: Unity / Unreal и основи на Virtual Reality / Augmented Reality.

Впечатокот од страна на студентите е многу позитивен особено во делот на соработката со организаторите ЊуМенс Бизнис Акцелератор и VFX Nest и нивните ментори, кои вешто одговорија на предизвикот истовремено да работат со кандидати кои имаа различно ниво на претходни познавања, од различни образовни профили, на различна возраст и од голем број различни градови ширум земјата, поради што обуките беа реализирани комбинирано и онлајн и во живо. Учесниците препознаа и дека можноста во секое време да разговараат со искусен ментор кој може правилно да ги води низ процесот е од огромно значење за успешно совладување на оваа комплексна област. За прв пат најголемиот дел од вредноста на обуките беше обезбеден од страна на организаторите, а во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата Fx3x.

Обуките се реализираа со интензивна динамика во период од 6 месеци, каде паралелно со совладувањето на редовниот наставен материјал се работеше и преку практична и групна работа за совладување на многу различни аспекти од работниот процес неопходен при создавањето на филмски, ТВ и анимирани дела од светски рамки. За изведувањето на обуките во соработка со компанијата Fx3x беа ангажирани ментори со над 15 години искуство во индустријата со учество во преку 100 холивудски наслови: Terminator, Avengers, James Bond, Fast and Furious, Transformers, X-Men, Mission Impossible, Spiderman, Hunger Games, Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star Trek, на суперхероите од Marvel и DC Universe и многу други.

Кариерни профили со вакви знаења и вештини освен во дигиталните и продукциските студија, потребни се и на пазарот за дигитални видео игри, како и во маркетинг агенции, компании кои работат развој на продукти, а и во архитектонската и градежната индустрија, па оттука дел од учесниците веќе беа препознаени и им беше понудена можност за вработување и во неколку други компании.

За да добивате информации за следни слични можности следете ја веб страната www.newmansba.com или испратете е-маил за интерес на contact@newmansba.com

економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини