FX3X ексклузивно за Капитал: Отворивме канцеларија во Холивуд во оригиналното студио на Чарли Чаплин
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вечерва, кога во Скопје и во светот ќе почне да се прикажува „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming), македонската компанија FX3X, која учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот, преку Капитал ја споделува и ексклузивната новина во своето работење, отворањето на канцеларија во Лос Анџелес, во Холивуд.

„Канцеларијата во Холивуд е битен чекор во нашиот развој“, вели за Капитал косопственикот и основач на FX3X, Кристијан Даниловски. Сместена е во старото, оригинално студио на легендарниот Чарли Чаплин, кое на посетителите на квартот од Лос Анџелес што е филмски епицентар на светот, туристичките водичи им го посочуваат како локација што мора да се види.

kdм

Кристијан Даниловски, косопственик и основач на FX3X

„Веќе четиринаесетта година работиме со Холивуд, и на почетокот на оваа година отворивме канцеларија во Лос Анџелес, во Холивуд, во старото, оригиналното студио на Чарли Чаплин. Таму имаме наши канцеларии и за комуникација и за презентација. Во самото студио имаме и наша опрема за „ловење“ на движења (motion capture – Mo-cap), сместена на 1.100 квадратни метри. Уште едно такво студио имаме и овде, клон во Скопје, каде развиваме наша технологија. Се користи најмодерна технологија за виртуелна присутност или комуникација меѓу нашите локации во Скопје и во Лос Анџелес. Сѐ e направено да имаме што подобра комуникација со нашите потенцијални клиенти и соработници во Лос Анџелес, каде реално е лоциран нашиот пазар“, вели Даниловски.

Во канцеларијата работат продуцент и супервизор како локално, холивудско присуство на FX3X.

fx3x LA MoCap Studioм

Mo-cap студиото на FX3X во Лос Анџелес

„Засега функционира многу добро; малку и ја проширивме канцеларијата кон средината на годинава, и почнавме со работа на нови холивудски филмови токму преку оваа канцеларија“.

Повеќе за ова и за другите новости поврзани со работата на FX3X можете да прочитате во следниот број на магазинот Капитал, а сега ќе се вратиме на веста од почетокот на текстот – за почетокот на проекциите на „Спајдермен: Враќање дома“. smhc

Режисер на новата филмска инкарнација на човекот-пајак е Џон Уатс, а главните улоги ги толкуваат Том Холанд, Мајкл Китон, Џон Февре, Доналд Гловер, Зендаја, Мариса Томеј и, секако, Роберт Дауни Џуниор.

Премиерата на „Спајдермен: Враќање дома“ беше во Холивуд на 28 јуни, додека светската проекција на филмот официјално почнува на 7 јули. Оценките на критичарите се многу позитивни, а истиот е оценет и за најдобар од „Спајдермен 2“ (од 2004 година), меѓу филмовите чиј централен лик е овој супер-херој од стриповите на Марвел, со високи оценки за актерскиот перформанс на Холанд.

FX3X учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот „Спајдермен: Враќање дома“, со тим од околу 70 артисти, од јануари до мај годинава.

„На овој проект работевме од јануари до мај оваа година, со тим од околу 70 артисти. Марвеловите филмови ни се особено драги проекти, бидејќи сме фанови како компанија, но сепак моментот кога ќе си го видиме името на одјавната шпица, како што е на пример последниот проект, „Трансформери: Последниот витез“, кој имаше премиера минатата недела, е токму тој момент, непроценлив, радост за целиот тим, причина да се гордееме со тоа до каде сме стигнале“, вели косопственикот и основач на FX3X, Кристијан Даниловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×