Габриел од Белград: Србија е клучна земја на Западниот Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, кој е во Белград, на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека за членство во Европската унија централно значење има исполнувањето на европските стандарди во владеењето на правото, независноста на судството и слободата на медиумите.

„Лично мислам дека не смее да се чека до 2025 година, туку веќе сега мора да почне да се работи, за да се покаже оти се исплати да се оди кон ЕУ“, изјави Габриел.

Германскиот министер рече и дека ЕУ и Германија се заинтересирани ситуацијата меѓу Србија и Косово да се растовари.

„Важно е нешто да се стори не само зашто тоа го бара ЕУ, туку зошто тоа е во интерес на граѓаните и во Србија и на Косово“.

Според Габриел, Србија е клучна земја на Западниот Балкан, иако „не може Србија сама да го стабилизира регионот, но сигурно е дека без Србија нема стабилност“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×