Гардијан: Брегзит би можел да биде одложен до 2021
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Брегзит би можел да биде одложен до 2021 година, според плановите кои ги разгледуваат истакнати претставници на ЕУ, пишува „Гардијан“.
Brexit 2

Велика Британија треба  до 29 март да ја напушти Европската унија, но развојот на настаните сугерира дека би можело да се случи одлагање  од две години.

Според информациите на „Гардијан“, ЕУ ги разгледува можностите за одложување ако премиерката на Британија Тереза Меј не успее да го „истурка“ договорот за Брегзит во британскиот парламент.

Анонимен извор наведува дека ЕУ нема да продолжи кратко продолжување за останок во ЕУ од неколку недели, туку за период од 21 месец, кој според „Градијан“ има смисол бидејќи би се вклопил во рамките на буџетот на ЕУ и би ја олеснил целата работа.

Друг извор пак наведува дека Велика Британија може да добие  продолжување на рокот ако тоа го побараат лидерите на земјите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×