Гаријан: Албанците се “кралеви на кокаинот” во Велика Британија
Објавено на од во Економија

“Извори велат дека италијанската мафија ја смета албанската мафија за еднаква”, пишува Гардијан.

albanska mafija vo uk

Неодамнешната статија на Гардијан ги нарече Албанците во Велика Британија, “кралеви на кокаинот”, велејќи дека “албанските организирани криминални синдикати ја консолидираат власта во криминалното подземје на ЕУ и се на пат кон целосно преземање на пет  милијарда фунти вредниот пазар на кокаин. ”

Британскиот весник ги опиша албанските трговци со наркотици како “софистицирани” и “професионални”, додека се обидува да го опише комплексното преземање на албанскиот нелегален пазар на дрога во земјата.

“Тие се сосема харизматични и приоритет им е градењето на односи, наместо натпреварувачки непријателства. Кога доаѓате од земја каде што има конфликт и имате репутација за суровост, нивната харизма се истакнува со елемент на “всушност, треба да продолжиме со овие луѓе”, вели  за Гардијан, Ана Серги, предавач по криминологија на Универзитетот во Есекс, кој е специјализиран за врски со мафијата.

Според податоците собрани од страна на полицијата и британското разузнавање, Гардијан објави дека Албанците го превртија постоечкиот бизнис модел на кокаин во Велика Британија наопаку, со купување кокаин директно од картелите од Јужна Америка за околу £ 4,000 до £ 5,500 килограм, наспроти вообичаените £ 22,500 килограми колку што нивните ривали го добиваат.

“Албанците ја спуштија цената на кокаинот – и ја зголемија чистотата. Албанскиот ефект длабоко ја обликува употребата, производството и економичноста на кокаинот. Дрогата  е најевтина во Велика Британија од 1990 година и почиста од изминатата веќе една деценија, што предизвика рекордни жртви “, пишува Гардијан.

Изворите на Гардијан вклучуваат специјалисти и академици кои проучуваат криминални мрежи, кои, наводно, велат дека уште еден клучен елемент од успехот на “албанската мафија” е што соработува со моќната италијанска “Ндрангета” за контрола на главните европски пристаништа на кокаин, како што се холандскиот “Ротердам” и белградскиот „Антверпен“.

Понатамошните студии спроведени од британските научници и експерти покажаа дека Албанците не само што соработуваат со италијанската мафија, туку всушност создаваат тесни сојузи.

Во написот се додава и дека одлучувачкиот фактор во ефикасноста на Албанците е “албанскиот кодекс на „беса“ (Збор) – да се задржи ветувањето” и кодот на претците „канун“, односно, правото за одмазда.

Во меѓувреме, Гардијан се заклучува дека албанскиот модел, според некои, дури ги поттикнал  злосторства кои вклучуваат употреба на нож, како и споровите за дрога, со тоа што го направиле  кокаинот достапен за помали банди, додека регрутирањето тинејџери на начинот на живот на Хелбанианс (Hellbanianz) никогаш не бил полесен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×