Gartner: Пазарот на смартфони одново расте
Објавено на од во hi-tech & business

Компанијата Gartner објави извештај за состојбата на пазарот на смартфони во текот на првиот квартал од оваа година, што покажува дека овој пазар одново расте. Интересно е што извештајот на Gartner објавува спротивно на она што објавија другите реномирани компании од овој вид, како IDC, Kantar и Strategy Analytics.

Според Gartner, во тек на првиот квартал од 2018 година има раст на пазарот од 1,3% на годишно ниво, со тоа што се продадени 383,5 милиони паметни телефони, односно 84% од вкупно 455 милиони продадени мобилни уреди. Целиот пазар на смартфони сега е воден од успехот на уредите од средната класа, додека оние од повисоката бележат послаби резултати.

Кај производителите и натаму водечки е Samsung со 78,5 милиони продадени смартфони (пазарен удел од 20,5% и воедно пад од 0,3% на годишно ниво). Втор е Apple со 54 милиони продадени уреди (раст од 13,7 на 14,1% на пазарниот удел на годишно ниво).

Трет е Huawei со 40 милиони продадени уреди и пазарен удел од 10,5% (раст од 1,5% на годишно ниво). На четврто и петто место се Xiaomi и Oppo со пазарен удел од 7,4, односно 7,3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×