“Гаспром” одлучи: Турски тек ќе поминува низ Србија, Бугарија и Унгарија  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Turkish stream

Руската компанија за гас “Газпром” одлучи дека гасоводот “Турски тек” ќе ја продолжи трасата низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка. Во овие земји веќе започнале сите подготвителни постапки”, пишува рускиот весник “Комерсант”.

Како што е наведено, првите испораки на гас за Бугарија и Србија ќе започнат во 2020 година, додека рускиот гас во Унгарија ќе стигне една година подоцна, што ќе и овозможи на руската компанија целосно да го прекине снабдувањето со гас преку Украина до 2022 година.

“Комeрсант” објаснува дека оваа рута е речиси исто со “Јужниот тек” што Европската унија го прекина во 2014 година под притисок на САД.

Како што се оценува, овој пат ќе биде многу посложено да се влијае за да се сопре проектот, бидејќи “Гаспром” целосно ги почитува законите на ЕУ.

Иако се планира и Грција, исто така да се приклучи на овој гасовод, “Комерсант” оценува дека сé уште не е јасно како тоа ќе изгледа.

Се претпоставува дека Грција ќе се приклучи со крак преку Бугарија или пак да го замени азербејџанскиот гас со руски по завршувањето на гасоводот ТАП, кое е исто така е планирано за 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×