Гацов: 2017 година ќе биде тешка за македонските компании
Објавено на од во Економија

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници

 2017 година ќе биде тешка за македонските компании

Павле Гацов нова

-Какви се проценките за следната 2017 година, каква економска година ке биде? Кои се најголемите ризици за македонската економија? Што очекуваш дека ќе го движи растот?

Политичката криза и поврзаните негативни рефлeксии врз економијата ќе продолжат и во 2017 година. Интензитетот на кризата би можел да се засили особено пред претстојните локални избори. Буџетот и следната година нема да се реализира според планот. Ова се однесува како на планираниот буџетски дефицит и капитални расходи, така и на планираните буџетски приходи.

Политичката и правната несигурност ќе бидат главните ризици за македонската економија и во наредната година. Македонија ќе остварува понизок раст од можниот. Зависно од избраната политичка опција, растот ќе зависи од јавната потрошувачка, градежништвото и извозот.

-Колку политичката нестабилност следната година, неизвесноста околу формирањето на новата Влада, но и новите локални избори, можат негативно да се одразат на домашната економија?

Секако дека политичките превирања ќе се одразат врз домашната економија. Изминатите две години беа показна вежба за ваквиот мој став. Секоја бизнис средба започнувааше и завршуваше со политиката како тема. Ова ќе потрае и во добар дел од наредната година.

-Како ќе работат домашните фирми во такви услови, кои се најголемите предизвици за нив во 2017 година?

Поради миксот од негативни политички и консеквентно на тоа лоши макроекономски влијание и 2017 година ќе биде тешка за македонските компании. Политичките влијанија ќе ги заобиколат странските и особено ТИРЗ компаниите кои функционираат според посебни правила на игра. Нивниот раст главно ќе зависи од актуелниот тренд на движење на европската економија. За останатите, и понатаму ќе останат проблемите со неликвидноста, дезинвестирањето, одливот на квалитетна работна сила надвор од земјата односно во ТИРЗ компаниите, високите парафискални давачки по разни основи, итн…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×