Гацов: Подобри изгледи имаат секторите кои работат под државна „ладовина“
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни експерти на Македонија

Gacov-Pavle-01

Следната 2016 година за „традиционалните“ економија нема посебно да се разликува од 2015 година. Ќе се кратат трошоци и ќе се води борба за статус кво позиција.

 

Очекувањата не се остварени. Проекциите за растот се покажаа еуфорични и нереални. Крајот на годината сигнализира мало соземање, но без да се овозможи некаков залет за 2016 година. Освен банкарскиот и градежниот сектор и неколкуте познати пропулзивни гранки, „традиционалната“ економија 2015 година ја доживеа како лоша деловна година.

Следната 2016 година за „традиционалните“ економија нема посебно да се разликува од 2015 година. Ќе се кратат трошоци и ќе се води борба за статус кво позиција. И наредната година тасот на вагата ќе превагне кон банкарскиот, градежниот и можеби туристичкиот сектор. Можно е мало подобрување во земјоделскиот сектор и се разбира во издвоени „тирз компании“. Всушност, подобри изгледи имаат секторите кои работат под државна „ладовина“.

Монетарната власт да обрне внимание на каматните маржи на комерцијалните банки кои достигнаа неверојатни 250%. Да влијае со мерки за зауздување на задолжувањето на државата кај комерцијалните банки со воведување на задолжителна резерва за банките кои се најголеми купувачи на државните хартии од вредност. Како пандан на претходното да се олабават мерките кои влијаат на деловното кредитирање. Во Советот на Народната банка да се вклучат претставници на бизнисот.
Извршната власт да воведе нови даночни бенефиции, посебно за стартапите. Да се обезбеди поддршка за нето извозниците. Да се обезбедат субвенции за инвестиции во туризмот и транспортот. Да се продолжи градењето и обновата на патната инфраструктура. Да не се заборават инвестициите во енергетскиот сектор гасификација. Да се стимулираат еколошките инвестиции.

Постојните капацитети треба да се субвенционираат за зголемување на можноста за извоз (странски консултанти, нови технологии, саеми надвор од земјата и сл.). Новите извозници, кои за прв пат извезуваат, да се стимулираат со 1 денар стимулација на 1 денар извоз. Да се стимулира отворањето на модерни интернет решенија за он лајн продажба дома и посебно во странство. Ова посебно да се поддржи за секторот туризам, земјоделие и IT секторот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×