Gazprom лани со рекорден извоз во Германија и покрај затегнатите односи на Русија со ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот гигант Gazprom извести дека во 2015 година го зголемил извозот на гас во Европа за 8% и покрај напнатоста во односите со Западот поради кризата во Украина. Првиот човек на компанијата, Алексеј Милер, објави дека лани во земјите надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз Gazprom извезол вкупно 159,4 милијарди кубни метри гас.

Испораката во Германија пораснала за 17%, на рекордни 45,3 милијарди кубни метри. Gazprom во Франција има скок на испораката од скоро 37%, во Италија од над 12%, во Велика Британија од околу 10%. Европската унија, инаку, сака да ја намали зависноста од руски гас, па го блокираше проектот за изградба на гасоводот Јужен поток и почна истрага против Gazprom поради наводна злоупотреба на доминантната положба на пазарот.

Во руската државна компанија зголемените испораки ги толкуваат со „намален обем на производство на гас во Европа“, и прогнозираат интензивирање на овој тренд. Според Милер, зголемувањето дополнително ја нагласува потребата од реализација на контроверзниот проект Северен поток 2, кој во основа е проширување и продолжување на постоечкиот гасовод кон Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×