„Газпром“: Просечна извозна цена на гасот од 230 до 250 долари
Објавено на од во Економија

Членот на Управниот одбор на „Газпром“, Олег Аксјустин наведе дека „Газпром“ го зголемил својот удел на европскиот пазар на 36,7% во 2018 година од 34,7% од 2017 година. 

газпром

Просечната извозна цена на гасот на „Газпром“ би можела да се движи од 230 до 250 американски долари  за 1.000 кубни метри гас во 2019 година, изјави денеска генералната директорка на компанијата „Газпром Експорт“, Елена Бурмистрова.

– Сакам да ве потсетам дека цената за 1.000 кубни метри во 2016 година изнесуваше 167 долари, во 2017 година беше 197 долари, а во 2018 година веќе 245,5 долари. Во моментов воочуваме мал пад на цената, но ако ги погледнеме најновите податоци од пазарот, предвидувам дека овогодинешната цена ќе биде од 230 до 250 долари, истакна Бурмистрова.

Таа, исто така, наведе дека просечната извозна цена на гасот на „Газпром“ пораснала за 24,6 отсто во 2018 година и дека достигнала 245,5 долари за 1.000 кубни метри.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×