Газпром се договори со партнерите за финансирањето на Северен тек 2
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Западните партнери на Газпром за проширување на Северен тек 2 постигнаа договор за финансирањето на проектот, објави Ројтерс. Вредноста на проектот се проценува на околу 9,5 милијарди евра.

Со наоѓањето начин за финансирање, рускиот гасен гигант ќе надмине сериозна препрека за своите планови. Во проектот учествуваат пет западни компании кои имаат по 10% – германските Uniper и Wintershall (дел од концернот BASF), Shell, OMV и француската Engie.

На официјална церемонија во Париз, секоја од овие компании се обврза да обезбеди 10% од потребното финансирање или 950 милиони евра.

Останатиот дел од проектот (50%) е на Газпром.

Плановите се Северен тек 2 да почне да се експлоатира во 2019 година и да има капацитет од 55 милијарди кубни метри. Неговата траса оди по патот на постоечкиот Северен тек, и целта е да ѝ помогне на Русија во плановите да ја заобиколи Украина како транзитна држава.

Во Европа мислењата за проектот не се усогласени. Според коментарите на Европската комисија, Унијата нема потреба од новиот гасовод, што само ќе ја зголеми зависноста на Европската унија од рускиот гас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×