Газпром: Турски поток почнува со работа во декември
Објавено на од во Економија
До крајот на декември ќе потечат првите количини гас преку Турски поток, најави заменикот на извршниот директор на Газпром, Олег Аксјутин.
газпром„Очекуваме испораките на гас преку Турски поток да почнат до 31 декември. Очекуваме во ноември да бидеме целосно подготвени, така што наша цел е последниот дел од декември“, рече тој.
Проектот Турски поток предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.
Испораката на гас преку првиот крак на гасоводот би требало да го задоволи растечкиот турски пазар, а преку другиот крак, како што е планирано, гас би требало да се испорачува до земјите од јужна и југоисточна Европа.
Газпром гледа на Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија како на потенцијални пазари.
Турски поток е мегапроект кој го сочинуваат два краци гасовод, со кој рускиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа.
Двата краци имаат капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×