Газпром зема кредит од 2 милијарди евра од кинеска банка
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Руската државна енергетска компанија Газпром и лондонскиот клон на Bank of China денес во Шангај склучија договор за кредит од 2 милијарди евра.

Ова е најголема сума на кредит во историјата на Газпром повлечена од една финансиска институција и прв кредит од кинеска банка.

Bank of China е голема меѓународна банкарска групација, чија што дејност вклучува банкарски операции, инвестициска практика, услуги во областа на осиргурувањето и лизингот, со вкупна актива од над 16 трилиони јуани, а присутна е во 46 држави во светот.

Во текот на февруари, менџментот на Газпром објави дека компанијата може самостојно да го финансира проектот за достава на гас до Кина, но очигледно ниската цена на нафтата и гасот ги намалуваат приходите на руската државна конмпанија повеќе од очекуваното.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×