Гејтс: Напад со смртоносни вируси е поголема закана од нуклеарен напад
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Биотерористички напад што би можел да убие 30 милиони луѓе, сѐ е поизгледен бидејќи полесно од кога и да е е да се создадат и прошират смртоносни патогени“, одново предупреди најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс.

Основачот на Мајкрософт последниве месеци често во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата на смртоносни респираторни вируси би била поопасна дури и од нуклеарен напад. Смета дека сега е поважно од кога и да е да им се помогне на државите во следење на болестите за да се спречи глобална трагедија.

„Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемија“, изјави Гејтс и додаде дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите многу лесно да можат да создадат болест како смртоносните сипаници.

Според Гејтс вирус што брзо би се ширел во воздухот би можел за една година да убие над 30 милиони луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×