Генералниот секретар на НАТО денеска пристигнува во дводневна посета на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Македонија. Ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, со министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и со лидерите на политичките партии.

Утре Столтенберг ќе се обрати во Собранието и ќе одржи заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

На обраќањето на генсекот на НАТО во Парламентот ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе речиси еден месец ја бојкотираат работата на Законодавниот дом. Пораката со враќањето во Собранието за обраќањето на Столтенберг, е ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека стратешката определба на партијата е членството во НАТО и во Европската унија.

Ова е прва посета на Столтенберг на Македонија. Пред три години гостин ни беше неговиот претходник Андрес Фог Расмунсен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×