Генералниот штрајк поради мерките за штедење ја парализираше Грција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поради генерален штрајк на грчките синдикати незадоволни од најавените мерки за штедење, затворени се граничните премини, превозот со траекти до грчките острови, а одложени се и бројни летови, јавен превоз и други услуги.

Како што наведува агенцијата AP, 24-часовниот штрајк ги затворил училиштата, додека болниците работат со намален капацитет.

Повеќе илјади демонстранти се собраа во Атина и во Солун. На улиците на главниот град на Грција маршираа околу 8.000 луѓе, а во Солун се собраа над 3.000.

На барање на меѓународните кредитори буџетските мерки за штедење ќе бидат продолжени барем уште две години.

Синдикатите ја обвинија власта во Атина за пад на животниот стандард на граѓаните и на работничките права во Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×