Георгиева, потпретседателка на ЕК: Најсигурен начин да се надмине кризата во Македонија е влезот во ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Европа не се откажала од Македонија. Го следиме многу внимателно тоа што се случува во земјата и знаеме дека најсигурниот начин да се надминат тие проблеми со коишто сега се бори е во заедничкото европско семејство“, изјави потпретседателка на Европската комисија, Кристалина Георгиева.

Во изјава за бугарскиот весник Стандарт, таа посочува дека тоа што не се планира прием на нови членки во ЕУ во следните пет години, не значи дека ЕУ не ги подготвува земјите за членство.

„Напротив. И покрај тоа што буџетот на Европа сега е малку помал отколку што беше во претходните седум години, парите коишто ги одвојуваме за земјите-кандидати се зголемени и особено внимание посветуваме на институциите без кои нема како тие да се приклучат европското семејство“, изјави Георгиева, дополнувајќи дека ЕУ многу внимателно ја следи состојбата во Македонија.

„Се разбира дека сме загрижени, ние знаеме дека во нашиот регион на Балканот кога ќе се пролее крв тоа е опасно. Повикуваме на здравиот разум. Видовме дека беа преземени мерки, вклучително и оставки во Владата на Македонија. Комесарот Хан, кој е одговорен за нашите соседи, е во секојдневен контакт и со Владата и со опозицијата. Ние поттикнуваме да се седне на маса и да се преговара. Самата Македонија треба да оцени кој е најдобриот пат за решавање на овие внатрешни проблеми. Никој нема интерес тие да не се решат“, вели потпретседателка на Европската комисија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×