ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), освои 32,55% од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати од Изборната комисија по пребројани 94,33% од гласовите.

Според досега преброените гласови, ако се претворат во мандати, ГЕРБ би имале 96 пратенички места.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) освоила 27,02% или 79 пратеници.

Потоа следуваат „Обединети патриоти“ со 9,12% од гласовите или 27 пратенички места. Четврта политичка сила во земјата е етничката турска Партија на права и слободи со 8,94%, односно 26 пратеници, и петтата партија која ќе има своите претставници во бугарскиот Парламент е „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, која го мина цензусот од 4% и, според досегашните резултати, освои 4,16% од гласовите и најверојатно ќе освои 12 места во Парламентот.

Конечните официјални резултати се очекуваат в четврток.

Лидерот на БСП, Корнелија Нинова, го призна поразот и честиташе на победата на партијата на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее.

„Сакаме да им честитаме на победниците, ГЕРБ. Доколку тие не успеат да формираат влада, а ние го добиеме мандатот, ќе се обидеме да формираме Влада со цел да ја осигураме безбедносна на земјата“, потенцираше Нинова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×