ГЕРБ на Борисов уверлив победник на локалните избори во Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

BojkoBorisovГЕРБ на премиерот Бојко Борисов е уверлив победник на локалните избори во Бугарија чиј втор круг се одржа вчера. Од вкупно 5181 општински советници во државата, 1727 се на ГЕРБ (третина од сите), а партијата на Борисов доби и 129 градоначалници, од кои дури 21 во окружните градови (од вкупно 27 окружни градови во чиј состав има повеќе општини). Опозициската БСП (Бугарската социјалистичка партија) на изборите не успеа да победи во ниту еден од големите градови, но според вкупниот број на освоени гласови има втор резултат. Реформаторскиот блок, коалицијата во која се обединети пет партии, извојува победа во четири окружни градови. ДПС, партијата што главно ги поддржува етничките Турци во земјата, доби градоначалник во еден окружен град.

Премиерот Борисов изјави дека резултатите од изборите покажале дека со ГЕРБ никој не може да се мери:

„Максимално ги стегав уздите на партија за да не постигнеме дури и поголеми резултати. Изборите покажаа дека со ГЕРБ никој нема шанса да се мери“, изјави Борисов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×