Герберих: Германија очекува власта и опозицијата да го спроведат Договорот за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

2KK_3568Германија очекува и власта и опозицијата да го поддржат спроведувањето на Договорот за името со Грција, истакна германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих во интервју за магазинот Капитал што излегува утре.

„Вашата држава го избра патот на евроатланската интеграција и во тоа ја поддржуваме македонската Влада. Во надворешната политика Владата презеде одлучувачки чекори за да ги релаксира и подобри односите кон соседните држави, како на пример со потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија и повторното воспоставување на добрососедските односи со Грција. Договорот за името во рамките на оваа надворешна политика која е ориентирана кон иднината е храбар и историски чекор за двете држави кој беше неопходен веќе подолго време. До финализирањето секако дека претстојат уште дополнителни формални чекори, се до промена на Уставот. Овие чекори и понатаму бараат храброст, истрајност и политичка далековидност на сите страни и внатре во државата исто така. Се надевам дека и опозицијата за ова ќе има конструктивен став и во интерес на државата и иднината на своите граѓани како и во интерес на мировна соработка во рамките на целиот регион, на крајот ќе го поддржи спроведувањето на договорот“, вели Герберих во интервјуто за Капитал.

Според него, Договорот за името сега и официјално ја манифестира мировната соработка која веќе постоеше во пракса помеѓу двете држави како партнери и сојузници во регионот и во цела Европа.

„Договорот може да биде пример како несогласувањата можат да се надминат на мирен начин и со тоа може да биде пример за други ситуации за разрешување на конфликти. Во таа смисла, неспроведувањето би било жесток удар наназад и враќање назад во минати примери на дејствување, што би можело да го загрози напредокот кој е постигнат во целиот регион во смисла на добрососедска соработка. Јасно е исто така дека приближувањето кон ЕУ, кое преку реформи и договорот за прашањето со името конечно доби нова динамика, повторно би доживеало застој“, предупредува Герберих.

Целото интервју со германскиот амбасадор ќе биде објавено во магазинот Капитал што излегува утре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×