Германија ги враќа резервите на злато дома, многу побрзо од претходно најавеното
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германија ќе врати половина од златото на своја територија многу побрзо од што претходно планираше. Германските златни резерви се 3.378 тони и вредат 120 милијарди евра. Како што изјави вицегувернерот на Бундесбанката, Карл-Лудвиг Тиеле, неодамна се вратени 300 тони од Њујорк, и 374 тони од Париз. До крајот на оваа година половината од вкупното злато би требало да се врати во Франкфурт, што е далеку порано од 2020 година како што претходно планираше германската централна банка.

Кога селидбата ќе заврши, во Њујорк ќе има 1.236 тони германско злато, а во Лондон 432 тони. Остатокот ќе биде во Франкфурт. За селидбата Бундесбанката досега платила 6,9 милиони евра.

Според Тиеле, Лондон и натаму ќе остане глобален центар на трговијата со злато и безбедно место за складирање на златни прачки. Поголем дел од германското злато се наоѓа во Велика Британија, во САД и во Франција, што е реликт од студената војна. Имено, поради страв од советска инвазија на Западна Германија , 98% од златото било чувано во странски трезори за да не ѝ падне в раце на Црвената армија.

Најголем дел од ова злато, односно 931 тони, е вратено од Велика Британија во 2000 година. Но, последниве години засилен е притисокот на германската јавност златото да се врати во татковината. Бундесбанката издаде документ на 2.300 страници со попис на сите златни прачки, за да ги сузбие шпекулациите во јавноста дека дел од германското злато одамна исчезнал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×