Германија го казни BMW со 8,5 милиони евра за емисии на штетни гасови
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Властите вршат контрола во Бе-Ем-Ве од почетокот на 2018 година, поради сомнежи дека компанијата во некои дизел автомобили вградила таканаречени „манипулативни уреди“.

BMW-Headquarters-1024x928-1

Германските власти ја казнија компанијата BMW со 8,5 милиони евра, поради повисоки емисии на штетни гасови од нејзините дизел автомобилите од дозволените.

– Обвинителството во Минхен предложи парична казна од 8,5 милиони евра за административно прекршување на контролата на квалитетот, се наведува во соопштение од Обвинителството.

Претходно, германските власти го казнија„Фолксваген“ со една милијарда евра поради уредите што ги инсталираше во 11 милиони автомобили ширум светот, додека „Ауди“ плати казна од 800 милиони евра.

Минатата недела обвинителите во Штутгард најавија дека започнале „процедура за казнување“ на производителот на „Мерцедес Бенц“, „Дајмлер“ за исти сомнежи за манипулации со 700.000 автомобили.

Во случајот со Бе-Ем-Ве, станува збор за многу помал број автомобили, односно помалку од 8.000.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×