Германија го одобри проектот Северен тек
Објавено на од во Политика

nord-streamФедералната антимонополска комисија на Германија одобри купување на удел во проектната компанија Северен тек 2, соопшти преслужбата на оваа комисија, пренесуваат светските медиуми.

Самата проектна компанија Северен тек 2 е основана во Швајцараија во јули месец оваа година како компанија во 100 % сопственост на Гаспром. Нејзиниото прво име беше Нов европски гасовод.

Германскиот заменик канцелар и министер за економија Зигмар Габриел изјави минатата недела дека проектот за изградба на гасоводот Северен тек 2 е економски важен не само за Германија туку и за другите членки на ЕУ. Тој, сепак предупреди, дека постојат одредени „политички услови“ кои Русија мора да ги исполни, а тоа е да не го укине гасот преку Украина после 2019 година.

Зборувајќи за новиот гасовод, германската канцеларка Ангела Меркел пак рече дека станува збор за комерцијален проект чија реализација се прави преку приватни инвеститори.

Ставот на Меркел остро го искритикува италијанскиот премиер Матео Ренци, кој ја обвини за двојни стандарди, потсетувајќи ја дека поради воведување на санкциите кон Русија е запрена изградбата на гасоводот Јужен тек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×