Германија со рекорден буџетски вишок
Објавено на од во Економија

germanyБуџетскиот суфицит на Германија за минатата година изнесува 23,7 милијарди долари, објави германската национална статистичка служба Destatis. Ова е рекорден досега буџетски вишок за најголемата европска економија, кој изнесува 0,8% од БДП.

Според Destatis, ова е најголем буџетски вишок од обединувањето на Источна и Западна Германија во 90-те години. Ова е трета година по ред Германија да има буџетски вишок, кој се објаснува со силниот економски растеж и ниската невработеност.

Буџетскиот вишок одамна е јаболко на раздорот меѓу Германија и сојузниците во Европската унија, кои го убедуваат Берлин да троши повеќе за да ја заживее економијата на еврозоната и да помогне на земјите кои се со финансиски проблеми.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×